„Република“ пред неколку дена официјално ја праша Владата до каде е собирањето на информации и дали има решение за „натамошни чекори“ за отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов“.

Одговор немаше се до денеска кога портаролот Душко Арсовски на прашање на други медиуми даде каков-таков одговор.

На прашање до каде се проверките на Владата за легитимноста на постоењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Арсовски денеска посочи дека се собираат информации за начинот на кој е регистриран тој клуб.

– Очекуваме во најскоро време работите да бидат појасни за што јавноста ќе биде информирана. Тоа што е важно е дека се разгледуваат повеќе опции и институциите ќе постапат соодветно во овој случај, додаде Арсовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.