Информација за безбедносната ситуација во и околу Украина е една од точките на денешната редовна седница на Владата на Македонија. На седницата, како што е најавено, ќе се дискутира и за потребните мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Македонија во Специјалната мониторинг-мисија на ОБСЕ во Украина.

На денешната владина седница ќе се разгледува и информација за организирање втората меѓународна конференција „Преспа форум за дијалог“. Двете информации се предложени од Министерството за надворешни работи.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, пред министрите за разгледување ќе се најде и информација за одржаниот седумнаесетти состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионална политика, во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Македонија, одржан на 18 март 2021 година, информираат од Владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.