Владата на Република Македонија, денеска, 24.02.2022 година (четврток) ќе ја одржи 17-тата редовна седница.

На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.