Владата ја усвои Информацијата за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), кој има за цел поддршка на земјите-членки во развојот на нови технологии со „двојна употреба” односно на иновативни решенија примарно наменети за комерцијални пазари, но со потенцијална одбранбена и безбедносна примена.

Со овој Акцелератор се предвидува опфаќање на разновидни иноватори и тоа академски институции но и актери од приватниот сектор, како што се Big Tech компании, start-up претпријатија, претприемачи и мали и средни претпријатија.

Приоритет ќе имаат иновативни решенија од доменот на вештачка интелигенција, обработка на големи податоци (Big Data), квантна технологија, биотехнологија, нови материјали и вселена.

Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (DIANA), како тело на НАТО, им помага на земјите-членки и на Алијансата да ги задоволат безбедносните и одбранбените потреби преку поттикнување, тестирање, потврдување и демонстрација на врвни технолошки решенија и ја зајакнува способноста на НАТО за поттикнување на технолошката соработка меѓу сојузниците, промоција на интероперабилноста и охрабрува развој на технолошки решенија за воените потреби на Алијансата, соопшти владината прес-служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.