Владата денеска испрати покана до сите парламентарни политички партии за лидерска средба што треба да се одржи в понеделник, на 7 ноември во Собранието, потврди владината прес-служба за МИА.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека ќе испрати покани до партиите, а од Владата соопштија дека средбата се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.