Влада со одлука на минатонеделната седница му ја одзеде дозволата за одгледување на канабис за медицински цели на Фарма Медика Канабис, каде што, според претходни медиумски објави, сопствеништво имаат братучедите на поранешниот македонски премиер Зоран Заев – Бобан Заев, Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.
Компанијата од Валандово од 18 октомври има одлука за „престанување на важењето на одлуката за давање согласност на решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство и трговија Фарма Медика Канабис Доо Валандово“.
Одлуката стапила на сила од 22 октомври. Се уште не е објавена на сајтот на Владата како точка на дневен ред, но соопштена е во „Службен весник“. Фарма Медика Канабис лиценца за одгледување на канабис од Владата добила во 2018.
„1.Со оваа одлука престанува да важи Одлуката за давање согласност на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштво за производство и трговија Фарма Медика Канабис ДОО Валандово 2. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, објавено е во Службен Весник.
Заев претходно во 2019, според она што е напишано во медиумите, на пратенички прашања во Собранието, објавил дека инвестиците на неговите братучеди во оваа дејност треба да достигнат десетина милиони евра, бидејќи со закон „е дозволено да се произведува лек од канабис“ Тој ги повикуваше и сите инвеститори, кои имаат можност, да инвестираат во оваа дејност „зошто е профиталбилна“ и дека државата очекува нови работни места и прилив од стотици милиони евра.
Извор: Фактор.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.