Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Македонија.

Како што посочува владината прес-служба, Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

– Владата го задолжи МВР да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Македонија, се вели во соопштението



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.