По реакцијата на од американската амбасада за доделеното македонско државјанство за украинскиот контроверзен политичар Олександр Онишченко, со реакција се огласи и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Тој порача дека одговорните треба да бидат изведени пред лицето на правдата.

Само што отворивме прелиминарни преговори, а во срцето на тие преговори е пред сè да се соочиме со законот, но и да ја спречиме корупцијата. Но, нешто што е од особена важност за овие реформи е што и Владата и опозицијата заеднички работат на спроведување на европската агенда. Секоја институција, ако види дека некој сторил кривично дело, мора да го изведе пред лицето на правдата, мора да биде независна во тој процес, а во крајна линија во овој пристапен процес, тоа е нашиот фокус“, изјави Гир при промоција на проектот „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, изјави дека случајот со Онишченко докажува дека тајните служби не работат како што треба, туку за остварување на нечии лични интереси.

По објавувањето на скандалот со Онишченко, кој се наоѓа и на американската црна листа, Владата покрена постапка за одземање на државјанството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.