Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство.

Со ова, го отпочнуваме процесот на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија, изјави попладнево премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на 60-тата владина седница.

Уште еднаш нагласи дека македонскиот јазик е загарантиран и дека нема да се преговара за идентитетските прашања.

Потврди дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи на 19 јули во Брисел.

Со денешната владина седница, како што додаде Ковачевски, „заокружуваме уште еден објективно историски чекор за нашата земја“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.