Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија. Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници. Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии. Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, додаваат, денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.
Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам!, велат оттаму.
Почеток, пред Влада во 19 часот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.