На денешната 57 седница на Владата на Република Македонија претседателот на Владата Димитар Ковачевски ги информираше членовите на Владата дека во Министерството на надворешни работи од француското претседателство пристигна предлог со решенија кои се однесуваат на jaвно изнесените позиции и ставови од страна на Република Македонија во однос на спорот со Република Бугарија.
Предлогот се разгледува од страна на експертски лица во Министерството за надворешни работи, а истиот од утре ќе биде ставен во широк консултативен процес, со владините коалициски партнери, Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и останата јавност во земјата, по што се очекува да се донесе одлука во однос на предлогот.
Според владини извори, Република веќе објави дека никој во владата не го видел францускиот предлог, туку дека премиерот само ги информирал членовите на владата дека предлогот е добар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.