Првата фотоцентрала што ќе ја изгради Солар Грин Енерџи  на Вице Заев и Панче Заев, братот и таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, ќе биде со моќност од 315 киловати и ќе биде поставена на кров од објект, пишува Фактор.мк

Фирмата за производство на електрична енергија, регистрирана лани во октомври, го поднесе првото барање за издавање на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, а истото е објавено на 15 мај.

-Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со седиште ул. Гоце Делчев бр.113 Струмица, на 10 мај 2023 до Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија поднесе Барање УП1 бр.12-314/23 за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на електрична енергија од фотонапонска електроцентрала ФЕЦ „СОЛАР ГРИН 3“ со инсталирана моќност од 315 kW.

Друштвото за производство, трговија и услуги СОЛАР ГРИН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Струмица, со барањето достави, Решение за поставување на фотонапонски панели за производство на електрична енергија на кров од постоечки објект “СОЛАР ГРИН 3” со моќност од 315 kW на КП бр. 2077/2 (на дел од објект бр.1 и на дел од објект бр. 2) КО Струмица, објави РКЕ.

Повеќе на „Фактор.мк“


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.