Високи очекувања имаме од чоек шо меша сендвич со салама со сок од боровинки…, коментира Божидар Божиновски по денешната посета на премиерот Димитар Ковачевски на мензата во РЕК Битола.
Ковачевски беше во Битола на одбележување 40 години од отворањето на РЕК Битола. Тој на Фејсбук сподели дека со задоволство појадувал во мензата на комбинатот.
Ми беше задоволство што денешниот појадок со вкусен сендвич со мортадела и сок од боровница, го имав во кујната на РЕК Битола.
Искрено благодарам до вработените во кујната на РЕК Битола за гостопримството што ми го укажаа и честа да појадувам во нивната кујна на денешниот значаен јубилеј.
Грижата за условите на вработените и нивната мотивираност се клуч за успесите на секоја одговорна компанија, напиша Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.