Откако направија хаос во државата со новите патни документи кои треба да го содржат името Cеверна Македонија, СДСМ, веднаш по изјавата на новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, за законски измени за решение на проблемот, најави дека ќе предложат и тие законски измени. Додека граѓаните се туркаа, се тепаа и буквално кршеа врати за да влезат да подигнат документи, откако многумина останаа без важеќки документи, поради лошата организираност на МВР, по промената на нивниот министер се сетија како да го решат проблемот.

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој додава:

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата. Во меѓувреме граѓаните не смее да се казнуваат, никој не смее да биде казнет за учество во сообраќајот. Ова е соодветно решение, возачките се за домашна употреба и мора да важат и понатаму. За овие законски решенија очекуваме поддршка од сите пратенички групи во македонското Собрание.

Портпаролот на партијата која го создаде хаосо вели наместо да се шири паника меѓу граѓаните и со неодговно однесување на министрите на ДПМНЕ во техничката Влада да се создава дополнителен хаос, сите политички партии да го поддржат овој предлог.

новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека ако има политичка волја решение за хаосот со документите  – има. Сè што треба да се направи се измени во Законот за патни исправи и во Законот за безбедност во сообраќајот.

Измените ги подготвив. Тука се. Готови се. Кога пред моите колеги ги предложив овие измени, бев опструиран, министрите ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Ова што го предлагам е согласно сите меѓународни акти кои ги гарантираат основните човекови прави. Вака го кршиме основното човеково право на движење, оневозможуваме излез од државата со валидна патна исправа. Нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Македонија. Може да се бараат нови рокови. Со меѓународен билатерален договор не смее да се кршат човекови права. Ова е резултат на незнаење и неодговорност на властите. Ова што се случува е флагрантно кршење на човековите права. Ова е страшно. Не можам дури ни да поверувам. Грција нема право да го поништи пасошот. Обрасци немаме. Состојбата е алармантна, вели Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.