Со оглед на тоа што ова е единствениот начин да ви се обратам за злоупотребата на службената положба и политички протисоци кои ги правите, иако сигурна сум знаете за тоа, да ве потсетам, пишува до обраќањето до министерот за надворешни работи Бујар Османи објавено на својот фејсбук-профил Викторија Трајков, стратешки соработник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ која истакнува дека станува збор за обид да биде замолчена, како што вели, да ги изнесува кадровските злоупотреби во македонската дипломатија,

„Во обид да ме замолчите да ги изнесувам вашите кадровски злоупотреби во МНР, преку вашите инсталации во оваа корумпирана власт, противзаконски и без никаков основ ми го одзедовте безбедносниот сертификат. За ваква злоупотреба на безбедносните служби, бидете сигурни дека за многу брзо ќе има одговорност.

Откако видовте дека со вакви методи НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, отидовте уште еден чекор понатаму, одземајќи ми го дипломатскиот пасош кој што по закон ми следува.

Ова го правите додека сум на боледување со сериозни здравствени проблеми, што исто така само по себе претставува сериозна злоупотреба на службената положба и овластувања. За вакво скандалозно и противзаконско однесување ги користите “услугите” на ваши послушници кои ги наградувате со разни високи позиции за кои немаат никакви квалификации, како што е Мемет Жаку, кој го назначивте за специјален претставник на претседавачот со ОБСЕ за млади а мојот предмет исто така ПРОТИВЗАКОНСКИ и без никакви ингеренции го држи во фиока!

Не знам дали сте свесни дека покрај вас и овие луѓе ги терате да работат противзаконски, за што исто така ќе мора да сносат одговорност.
Министре, престанете со вакви и слични притисоци!

Иако СУМ ЖЕНА, мајка на две деца, треба да ви е јасно дека нема ниту да ме уплашите ниту да ме замолчите!“, пишува во јавното обраќање на Трајков до минситерот Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.