Актуелниот директор на Здравствен дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување, ексклузивно дознава Фактор.

Добро упатените извори брифираат дека д-р Исјановски е докажан кадар во здреавствениот сектор, а неговата улога е значителна посебно во последните две години откако Македонија е зафатена со епидемијата на корона вирусот.

Инаку вечерва СДСМ вечерва на седници на Извршниот и на Централниот одбор треба да ги утврдат кадровските решенија за составот на новата влада, а новиот партиски лидер и мандатар утре ќе го достави до Собранието предлогот за новиот владин кабинет.  Кон крај на неделава треба да се одржи и собраниска седница на која и официјално ќе биде избрана новата владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.