Вицепримиерот и државен министер за одбрана на државата Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија од денеска ќе престојува во прва официјална посета на Македонија.

Вицепримиерот и државен министер за одбрана на Катар во Министерството за одбрана ќе биде пречекан од министерката за одбрана Славјанка Петровска, а официјалниот пречек ќе започне со церемонија со највисоки воени почести.

Во рамки на посетата, најавија од МО, министрите Петровска и Ал-Атија ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации.

Ова е прва средба во областа на одбраната која се реализира на највисоко, министерско ниво помеѓу Македонија и Катар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.