По повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември денеска во Градски Парк-Школка, Скопје, ќе се одржат вежбовни активности, презентација на опремата и возилата на МВР, како и запознавање одблиску со единиците на МВР.

Како што при одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, граѓаните, особени најмладите, имаа можност да се дружат со припадниците на полициските служби, Одделот за специјални полициски операции, и да се запознаат со нивните задачи, униформи, опрема, така и утрешното празнување го одбележуваме заедно со граѓаните – партнерството го промовираме на терен, за сите генерации без исклучок, затоа што секој еден граѓанин ни е важен! Се гледаме!, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.