Дојдоа на власт на трагедијата на Тамара, на други мртви деца и бебиња, на други семејни и државни трагедии. Дојдоа на власт со ветување за 500 евра плата и со споредби со Данска. Ветија фер шанса, ветија подобрување во секоја сфера, ветија слободни медиуми, европско здравство, образование и судство. Ветија убави студентски домови, нови автопати и градинки. Ветија укинување на такси за извршители и нотари, пишува во статусот на фејсбук страната Политички циркус.

По година и пол непотизмот не е веќе злоупотреба туку правило. Докторите ни бегаат бидејќи на лица како Хоџа или братот на Ермира со средно образование им давате два пати поголема плата. Полицајците ни ги тепаат на сред улица а главниот град личи на див запад.

Денес не ви сметаат ниту оние 150 мртви бебиња, ниту патните трошоци. Кога починаа 3 бебиња поради недостиг на инкубатори, потрошивте 100.000 евра за набавка на морски плодови, лешници и бадеми во МО, како и цвеќиња во МНР. На Студентскиот пленум не му смета тоа што на студентите им укинаа еден оброк.

Не ви смета ниту тоа што Монструмите покрај признание се на слобода, а обвинителството ги повлекува обвиненијата бидејќи снимките во „Поткуп“ не се доказ. Денес за плата од 300 евра сте во состојба да не убедувате и дека Северина е невина.

Цената на горивото е највисока во цела Европа. Имаме убедливо најмал „раст“ (0.1%) во цела Европа. Имаме 1.600.000.000,00 евра нови задолжувања. Се сликате во кланицата во Брвеница која почна да се гради пред повеќе од 3 години а играте чочек на автопат кој се гради 6 години и ова го претставувате како некаков успех. Се сликате и во фирмите кои до вчера ги нарекувавте „логори на смртта“. Бројчаникот никаде го нема а нашите пари се трошат за 5.000 примероци за книги во кои се воспева корнишонот на Премиерот, геј паради, песни за Адем Јашари или карти до Аргентина. Освен „реформската“ 50-ка што ќе застанува во ГТЦ, немате ниту едно чешмиче, ниту една бандера ставено.

Најважно, ветивте дека ќе го продадете Мерцедесот, а ја продадовте државата. Не излажавте и пониживте како народ, како Македонци. Рековте нема, а гласавте за двојазичност и тоа на денот на кој започна конфликтот. Потпишавте договори со кои историјата до 1900 ја дадовте на Грција, а од 1900 до 1945 на Бугарија. Целосно ги нападнавте сите атрибути на нашиот народ – нашиот јазик, идентитет, култура, историја. Нашето име. Нашата црква. Од работите кои беа во нашите глави, за реализација останаа само бегалските кампови. Затоа мили мои, ова е наш последен крик, а ваш последен уда, стои во објавата на Фејсбук



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.