Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, кога свештените лица во православните домови вршат водосвет, граѓани реагираат дека за услугите платиле 50 денари повеќе од претходно. Битолската телевизија „Тера“ побара одговор од Владиката Петар дали има покачување на цените на црковните услуги, а тој кусо им одговорил дека е нормално да има кога цените на услугите не биле покачени 7 до 8 години.
Граѓаните кои ги репортерите ги затекнале во храмот „Св.Недела“ во Битола зад камерата се пожалиле дека цените за црковните треби биле покачени уште за Задушница кога се спеваа починатите. Тогаш граѓаните за ова платиле 200 денари, а претходно плаќале по 150 денари.
Наводно за 500 денари биле покачени и цените на венчавките, крштевките и погребите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.