Џафери е изнервиран бидејќи му го пореметивме мирот.Тој е функционер кој е преку 20 години на високи државни функции.Кога ќе поминете четири години на висока функција или се заморувате и влегувате во еден начин на живеење кој создава бесчуствителност, оценува професорката и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во интервју за „Република“.

Таа е децидна дека личност како Џафери не може да бидат претседател на Собранието.

Тој најмногу би сакал да има контруктивна опозиција која ќе ја контролира и ќе биде безлична и нема да му прави проблеми.Но, тоа не е случајот со ВМРО-ДПМНЕ и со коалиционите партнери-објаснува професорката.

Во пресрет на 18 јуни професорката очекува да биде еден масовен сеграѓански протест.
Со тоа сакаме да му испратиме порака на премиерот и на оваа ненародна власт дека народот бара избори.

Таа објаснува зошто Ковачевски толку бега од избори.

Ковачевски не размислува со своја глава и дојде како решение на претходниот лидер на СДСМ Зоран Заев и неслучајно е одбран. Идејата е да се заборави Заев а за да се заборави Заев треба Ковачевски подолго да биде на власт. Намерата е и што поголема власт да се натрупа во рацете на ДУИ. ДУИ е недопирлива таа е држава во држава. Она што е еклатантно е нивната недоприливост, нивното непроцесуирање и криминал.Тоа е резултат на Рамковниот договор -оценува Василевска.

Таа се потсетува и на изјавата на Ковачевски за онаа снимка каде Џафери ги навредува собраниските служби за кои премиерот вели дека не верува на снимки.

Како дојдовте на власт луѓе, нели ви е срам прашува професорката.

Василевска е убедена дека нема да има датум за преговори и оти тоа јасно го предочи претседателот на Франција Макрон.

Таа неодамна промовираше и книга наречена „Регионално безбедносни пактови во југоисточна Европа меѓу двете светски војни“ со посебен акцент на македонското прашање.

Вели дека има промени на соседните земји кон Македонија и како позитивен пример ја истакнува Србија.

Тоа се одрази и на решавањето на црковниот спор.Треба како македонско општество да се заблагодариме за нивната поддршка и неправењето дополнителни главоболки за македонскиот народ и за македонската православна црква. СПЦ ни прати порака дека не сме сами и дека не не гледаат како Срби туку како Македонци а тоа е многу силна утеха во ситуација кога источниот сосед ви вели дека вие сте Бугари.Не може со сила да му наметнувате на некого да се чуствува некако-објаснува Василевска во интервјуто.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.