Немам информација дека Бојан Маричиќ или Бујар Османи разговарале со некои од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е само еден спин и обид за манипулирање на јавноста за да се создаде впечаток дека опозицијата е несинхрозирана и да се создаде раздор, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска во интервјуто за „Република“.
Таа знае и што ќе му каже ако Маричиќ и се јави.
Мислам дека кај мене нема да се јави, ниту едниот ниту другиот.Маричиќ добро ми го познава карактерот и знае дека некои телефонски линии се секогаш зафатени. Исто така не гледам на каков начин Бујар Османи би се обидел да допре бидејќи моите ставови беа јасно искажани.
Професорката е убедена дека парламентарната демократија во Македонија не постои а тоа се докажува и со тоа што министри се обидуваат да влијаат на пратеници иако Собранието треба да контролен механизам на Владата, а не обратно.
Собранието е една проформа институција која само проформа ги изведува своите активности.Во суштина е само една арена во која не се слушаме едните со другите, не се води политички дијалог.Извршната и судската власт се целосно потчинети, владеат диктаторски и имаат потценувачки однос кон институцијата пратеник. Оваа владејачка номенклатура која сега ја има заробено Македонија има таков однос кон институциите на системот бидејќи ништо од тоа не го почуствувале, ниту се бореле ниту пак ја разбираат тежината и значењето на системот.
Професорката со неиспраќањето на уставните амадмани власта купува време.
Можеби се обидуваат и да најдат некаков канал и да извршат притисок. Со овие луѓе се можно и затоа сме будни. Нашиот став е јасен, претседателот Мицкоски кажа дека повеќе нема што да се дискутира и единствено што останува е одржување на изборите и на изборите да излеземе пред граѓаните со програми и да им понудиме опции за Македонија.Како ќе одлучат македонските граѓани така ќе тераме понатаму.
Василевска вели дека на Османи кого го нарекува доктор по професија и „сваштолог“ во политика му е дозволено да прави анкети на необјавени амадмани за уставните измени и да одлучува за мнозинскиот македонски народ и неговиот идентиет.
Ова не е антиалбански став, ова е македонски став.Во тој став се содржани етичките нормативи кои го ставаат Османи пред две опции- да се повлече од функцијата додека се реши прашањето или пак да биде максимално кооперативен со мнозинската македонска заедница бидејќи таа македонска заедница која пред 2001-ва година беше конститутивен маедонски народ овозможиОсмани да ги ужива сите привилегии дури и да има повеќе привилегии како етнички Албанец.Навредлив е начинот на кој што тој се однесува и ги навредува чуствата на Македонците и на сите кои навистина ја сакаат Македонија и македонската држава.Го кажувам ова отворено иако знам дека ова може да се испинува. Веќе имав закани по живот од нив уште минатата година и многу ми е јаснен декократскиот капациет и на Османи и на ДУИ. Во концептот што Османи го пропагира во кој влегува и овој билатарален договор кој сега е дел од таа преговарачка рамка што е надвор од копенхашките критериуми.Османи веројатно не е добро информиран бидејќи не е ни образуван да ги разбере позадинските аспекти на таквиот тип на договори кои во никаква смисла не не доближуваат до ЕУ.
Професорката ја оценува и работата на историската комисија.
Кога се дискутирало за средниот век немало ниту еден експерт за средниот век од Институтот за национална историја или од Факултетот.Во исто време кога тие така лесно се раздадоа професорот Митко Панов објави во странство книга наречена „Ослепената држава“ јкоја е преведена на македонски јазик дури по некоја година. Секој што сака да дознае што бил Самоил, што се нации и национализам, што е припадност нека ја прочита книгата и ќе му биде јасно. Дека за ова прашање не може да се бави комисија потврда дава и Бугарија која ова прашање го извади од академските кругови и го внесе во политичката реторика a во неа учествуваат и најнеписмениот и најобразованиот. И тука критериумот кој е? прашува професорката.
Василевска потсетува дека буггарската стратегија на нивната академија почна уште кога Македонија излезе од Југославија.
Точно е дека тие нѐ признаа какко суверена држава но не го признаа македонскиот народ и јазик.Тој процес не е застанат.Крајната цел е да го дерогира постоењето на било каков континиум и етногенезата како и комплетно претопување. Целта е да докажат дека Охрид е втората, но и најважна столица на бугарштината и дека вековната заложба на Бугарите за обедивање на сите „бугарски“ територии ќе заврши со овој процес и нивната амбиција да го искористат овој историски моментум кога ЕУ се ноаѓа во една пресвртница. Во еден таков систем да верувате дека тоа е последното барање на Бугарија и после ќе се вратиме на правосудството треба да прифатиме дека сега ќе се напиеме отров и ќе умреме.
Професорката е убедена дека последните анкети на кои ВМРО-ДПМНЕ има убедлива преднос не се случајни бидејќи партијата е браник на македонските национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ е единствената оопција за сите разудени и освестени македонски граѓани. Друг избор и шанса да си ја вратиме државата немаме-смета професорката.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.