Јас пак со задоцнување … Дури утрово го слушав интервјуто на Таче за Сител. Дали не знае или не’ прави будали кога вели дека по изгласувањето на уставните амандмани би си дал оставка и би оделе на избори, пишува на својот фејсбук профил професорката Билјана Ванковска.
За предвремени избори е потребно мнозинство во парламентот, а не премиерска оставка! Тој “заборавил” дека токму поради тоа стана премиер откако ЗЗ си даде оставка, без да оди на избори.
За манипулациите со Деловникот на Собранието од Џафери не ми се ни зборува – тоа е само доказ дека ние немаме уставно заснована држава. Ова е башибозук!
На ова додајте го молкот околу модуларната болница, образот ѓон, а и никој не ги гони одговорните.
Само да потсетам: власта се дели на законодавна, извршна и судска! Која функционира кај нас? Прашањето е реторичко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.