И да се разбереме: доста е со скопјанизација на Македонија! СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ во СЕКОЈ град или село треба да излезе на протест или на друг начин да ѝ порача на владата дека не може да прави што сака. Треба да се покаже дека од Гевгелија до Паланка, и од Куманово до Тетово и Охрид кажуваме гласно НЕ на ова што наумиле да ни го направат.

Јасно, за Скопјани е ова голем предизвик: во градов се смета дека живее една третина од населението во државата, па затоа и масовноста треба да биде најголема. Ако не се случи тоа, срамот ќе биде и на скопјани и на Македонија. Оние што се стари и немоќни или не можат да излезат од дома, можат да удираат со шерпи од балкони и дворови во периодот од 19-20 часот.

За политичките партии СЕГА е моментот да излезат од влада (ако се коалициони партнери на СДС и ДУИ), а ако се опозиција треба да го напуштат парламентот – се’ додека овие не сфатат дека се делегитимирирани и дека кога ќе паднат од власт ги чека Кривичниот законик по кој ќе одговараат.

СЕГА е моментот и за медиумите да не се пренемагаат, туку да излезат со ЈАСНИ уреднички или редакциски позиции!

СЕГА е моментот кога УНИВЕРЗИТЕТИТЕ, а особено УКИМ, треба да излезат со ЈАСЕН СТАВ – и ако сега молчат, нека замолчат за секогаш, посрамени и згразени.

СЕГА е моментот МАНУ да викне, ама не со осамени гласови на поединци (што се бројат на прстите на едната рака), туку од позиција на институција! Ако се немоќни или надгласани, нека се распуштат – такви не ни требаат!

СЕГА е моментот кога дури и поединчено сите културни дејци, писатели, уметници, интелектуалци, активисти треба да застанат во одбрана на она што остана од македонството!

Фејсбук статус на професорката Билјана Ванковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.