Да си кажам дека планирам да одам да протестирам против одлуката на Владата да го прифати овој срамен и понижувачки предлог на Париз (Софија). И никој да не одеше, јас бездруго ќе отидев. Ако треба и сам. Затоа што овој предлог не е добар за Македонија. Затоа што унилатералните проблеми што ги има Софија со нас, прифаќаме да станат европски проблем, дел од копенхагенските критериуми и дел од преговарачката рамка. Не е паднат овој француски предлог од небото, убеден сум дека некој ги урнисувал нашите позиции со месеци, за да стасаме од португалски ( релативно поволен) до француски ( комплетен дебалк за македонската дипломатија). Јас сум бил, и ќе останам партиски неопределен. Но, немојте да ме убедувате дека црното е бело. Едноставно, ми ја навредувате интелигенцијата….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.