В четврток на пленарна седница на Собранието на Македонија, пратениците ќе гласаат за францускиот предлог.

80. седница на Собранието се закажува за 14.7.2022 (четврток), со почеток во 13:00 часот, со точка на дневен ред „Информација од Владата на Македонија за францускиот предлог за европските интеграции”.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието се уште немаат излезено со официјална информација за седницата.

Владата според барањата од вчерашната координација во Собранието, попладнево достави до Собранието дополнување на Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година, соопшти собраниската прес-служба.

Документите, како што посочуваат од Собрание, се доставени до сите пратеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.