Советот на Јавни обвинители ја утврди листата со четворица кандидати кои конкурираат за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје. На листата се најдоа четворица кандидати, двајца Албанци и двајца Македонци, откако петтата кандидатка од ОЈО ГОКК ги повлекла документите од огласот.

На листата за шеф на ова обвинителство остануваат, досегашната шефица Вилма русковска, обвинителот од скопското обвинителство Ермонд Незири, гостиварскиот виш обвинител Ислам Абази и обвинителката во вишото обвинителство во Гостивар Деса Пауновска. Енѓелуше Кадиу Леши од ОЈО ГОКК која беше пријавена ја повлекла кандидатурата.

За нов шеф на ОЈО ГОКК ќе гласаат сите обвинители на непосредни избори, за што веќе е сигурно дека Русковска повторно ќе биде избрана на оваа функција.

Вишиот обвинител од Гостивар, на кого му истекува мандатот сакал да дојде на нова позиција, а на негово место да се врати сегашниот член на Советот на обвинители, Фаик Арслани, што е чиста злоупотреба на функцијата. Арслани ќе стане нов Виш обвинител во Гостивар, но сегашниот нема да дојде во Скопје, туку ќе остане во Гостивар.

Како што пишува „Сведок“, Незири е аутсајдер, кој се јавува на различни огласи и за шеф во скопското обвинителство неколку пати, а Деса Пауновска, од кога знае за себе сака да е на функција, а не во судница, па од ОЈО Тетово дојде во организиран криминал, па во Советот на јавни обвинители, па во Вишото во Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.