Утре во скопските основни и средни училишта часовите ќе траат по 20 минути и нема да има пауза за одмори, а четврток е неработен ден за сите училишта во Скопје. Овој ден нема дополнително да се одработува.

Во Скопје на 29 и 30 ноември ќе се одржи Министерски самит на ОБСЕ, на кој треба да дојдат сите министри за надворешни работи од Европа. Македонија годинава е претседавач со ОБСЕ.

Наставата во првата училишна смена ќе започне со првиот наставен час во 7.30 часот, вториот ќе започне во 7.50, третиот во 8.10, четвртиот во 8.30, петиот во 8.50, а шестиот во 9.10 и ќе трае до 9.30 часот.

Наставата во втората смена, која вообичаено почнува околу 13 часот, утре ќе започне во 9.30 часот, вториот час е во 9.50, третиот во 10.10, четвртиот во 10.30, петиот во 10.50 и шестиот во 11.10 часот.

Според владината одлука работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29-ти ноември 2023 година (среда), треба да заврши во 12:00 часот.

30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје. Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информираат од Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.