Македонската радио-телевизија демантира дека со однапред подготвено аудио ги прекрила свирежите упатени кон владината делегација на Мачкин Камен, на прославата на Илинден во Крушево.
Вистината е дека МТВ на ниту еден начин не интервенирала на тонот од преносот, којшто е преземен од миксетата на озвучувањето за коешто е надлежен организаторот. Не е точно дека МТВ имала однапред подготвена музика, велат од националниот сервис.
Реакцијата се однесува на делот „Тоа до толку беше очекувано и извесно, што МТВ веќе имаше подготвено музика од студио за да ја пушти наместо оригиналното аудио“ од текстот „Таче собра публика, ама МТВ пак мораше да пушти музика за да не се слушаат свирежите“, што е доказ дека власта била свесна дека е непожелна на Илинден, па не оставила ништо на случајот.
Сите што не успеаја да стигнат во Крушево и го следеа преносот на Македонската радиотелевизија, забележаа дека и оваа нарачана публика не беше доволна да ги надвика граѓаните кои ја исвиркаа делегацијата предводена од Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.