Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен следната недела пристигнува во посета на Скопје. Ова вечерва го најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Претседателката Фон дер Лајен наредна недела доаѓа во земјава и може ќе објави што ќе следи како помош од Европската комисија за нас. Генерално, јас очекувам ЕК и ЕУ да дадат поголема поддршка за нас, затоа што сме направиле поголеми остапки, се со цел да покажеме дека сме дел од ЕУ. Сѐ што се носи од ЕК како санкции и како одлуки, ние веднаш го применуваме во нашата држава. Една мала земја како нашата, очекува некаква поддршка, затоа што имаме поголеми ризици, рече Бектеши во емисијата „24 отворено“.

Фон дер Лајен последен пат беше во земјава на 14-ти јули годинава, пред прифаќањето на францускиот предлог-преговарачка рамка на Македонија со ЕУ. Во обраќањето пред пратениците во Собранието, претседателката на Европската Комисија истакна дека со европскиот предлог не се загрозуваа македонскиот идентитет, историја, јазик и култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.