Не е крај на светот ако си заминат актуелните министри од ДУИ и им отворат пат нови кадри, изјави во „Емисијата 200“ Муса Џафери, член на претседателството на ДУИ.

Зошто е крај на светот ако може да се реконструираат Артан, Бујар или Фатмир Бесими, мојот колега, за да дојдат други? Тоа се тие што тврдат дека ќе дојдат млади, нека ни направат пат да видиме кои се тие млади луѓе. Не е трагично…Ова е мое индивидуално мислење како член на Претседателството. Врз основа на отчетноста и резултатите, ќе се направи класификација и ќе се донесе одлука кој ќе замине, кој ќе го напушти местото. Нема да ги носиме на гилотина. Ќе работат на други функции, ќе работат партиски функции, рече Џафери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.