Унгарија е подготвена да заземе посредничка улога во надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, ако за тоа се согласни и двете земји, рече денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски.
„Ние сме подготвени, да го искористиме претседателството со ЕУ, да посредуваме во ова прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение коешто ќе одговара и за Македонија и за Бугарија“, рече Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.