УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола синоќа ги претстави проектите од „Платформа 1198“, а во обраќањето на носителот на листата во петтата изборна едница Ѓорѓија Сајковски рече дека ВМРО ДПМНЕ секогаш се потпирала на нивната енергија и новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе обезбеди 70 000 нови работни места за млади.
„Младите се носители на храброста и цврсто определени на страната на промените. Сметам дека секој од нас има нешто посебно, но кога сме заедно, нашата сила е несовладлива. Нашата сила лежи во нашата соработка, во нашата преданост и во нашата неуморна желба за напредок“ рече Сајкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.