Најголемиот проблем во Декларацијата за македонскиот јазик е што се тврди дека тој има свој историски и временски континуитет но и дека дијалектното простирање се ораничува во државните рамки на денешна Република Македонија со што ние практично се откажуваме од дијалектното простирање на македонскиот јазик кое е многу пошироко од државните граници, анализира професорката Елка Јачева Улчар во интервју за „Република“.

Со ова како да одиме контра како што кажа професорот Блаже Конески кој велеше дека македонскиот јазик е нашата единствена целосна татковина. Тој смета на тоа дека македонскиот јазик е поширок од државата Македонија-објаснува професорката.

Според неа, со изјавата со која се ограничуваме само на овие говори во рамки на Македонија излегува дека се откажуваме од нашите пирински и егејски говори како и од говорите кои ги имаме на западната граница во Албанија и на Косово.

Улчар нема дилеми дека со договорите со Грција и со Бугарија се откажавме од малцинствата како носители на јазикот.

Ако сте се откажале од малцинства исто како да не постои јазикот бидејќи кој ќе го зборува ако не малцинствата. Ова е грешка уште со Договорот за добрососедство со кој прифатиме дека се откажуваме од малцинството во Пиринска Македонија.

Професорката смета дека сево ова што ни се случува е резултат што воопшто не консултирана научната фела.

При постоење на Институт за Национална историја ние формираме историска комисија за да решава историски прашања при што има само тројца историчари кои не се специјалисти во посебните историски периоди. Како пример ние решаваме прашање од средновековието а немаме вклучено ниту еден медиавист.

Улчар смета дека веќе е доцна било што да се направи.

Нашите соседи Грција и Бугарија за остварување на нивните цели си создадоа свои стручни тимови.Само нас во Македонија никој ништо не не праша, ниту историчари ниту лингвисти.

За едостраната декларација професорката сметала дека е некоја шега бидејќи била напишана несериозно и со правописни грешки.

Таму има и една неточност дека македонскиот јазик бил признат на третата конференција на комисијата за стандардизација на географски имиња 1977 година во Атина. Тоа е сосема неточно.Таа комисија се занимава со топонимите и како да изгледаат на географските карти.Комисијата дала препорака сите топоними за кои нема традиција за поинакво именување кога го запишуваме на карта топонимот треба да биде запишан да биде најблиски до оригиналот како што тој се слуша така да биде запишан. Таа комисија која за жал ние ја немаме, а сме ја имале први во СФРЈ.На таа конференција во 1977 година со резолуција која се однесувала на тогашната српско-хрватската кирилица и на македонската кирилица е направено литерација односно секоја кирилична буква како се предаваaт на латиница.

Според неа, ова го искористил поранешниот премиер Алексис Ципрас да се фали дека го признале македонскиот јазик што воопшто не е точно.

Македонскиот јазик е признат од Обединетите нации уште додека Македонија беше дел од Југославија и тука нема дилеми.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.