Учениците следат настава во студено простории, поради неплатени сметки за струја во училиште во Мала Речица, пренесува ТВ21.

Новинарите додека снимале во училиштето за оваа проблематика, вработените им рекле да излезат од објектот, бидејќи според нив, немале право да снимаат.

Додека медиумската екипа разговарала со родителите, дошол и директорот на училиштето Назиф Ајдини, кој не им дал никакво објаснување пред камерата зошто нема струја, а учениците се обврзани да следат настава во ладни простории. Наместо одговор, тој им ја затворил вратата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.