Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вечерашната „24 анализа“ потврди дека спортниот учебник по Историја и општество за петто одделение полн со грешки засега нема да се повлече од настава. Виновникот сите го бараат во министерот или кабинетот, се пожали тој.
Во законот се наведени постапките како се доаѓа до еден учебник. Има 25 фази за одобрување на еден учебник. Истиот учебник од страната на Комисијата за учебници има известие во Комисијата, каде известителот известува дека во ситуацијата каде се доставени забелешките учебникот да не се одобрува. Авторите ги изработуваат сите забелешки кои се добиени и продолжува истиот учебник во Националната комисија каде се донесува одлука после прифаќање на забелешките. Според тоа што го имаме во извештајот, конкретните забелешки кои се доставени во јавноста, не се дел од забелешките кои ги имаат доставено и Бирото за развој на образованието до авторите и рецезентната комисија. Сите кои се вклучени во тоа, треба секој да да ги имаат тие забелешки за да не дојде до оваа ситуација. Ќе очекуваме во наредниот период да се достават забелешки. Според досегашните забелешки, за другите ќе треба да процени педагошката служба или формирана Комисија. До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе од 30%, ќе заземеме став учебникот да се повлече. Очекуваме дали се само тие или има уште, вели министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.