„Советот на јавни обвинители откакоа постои не изрекол ниту една дисциплинска и не разрешил ниту еден обвинител. Илузорно е да очекуваме дека во 30 години ниту еден обвинител не погрешил“ кажа министерот за правда, Никола Тупанчевски во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да бидат главните фигури со капацитет, храброст и доблест да се занимаваат со квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители.

„Советот на јавни обвинители и Судскиот совет треба да се на ниво на задачата и да ги извршуваат ингеренциите кои им се дадени со закон и Устав“ кажа Тупанчевски.

Тој додаде дека Јавното обвинителство подготвува годишни, полугодишни, месечни извештаи и дека не може обвинителите да не знаат што се случува во нивниот работен дом и како постапуваат останатите нивни колеги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.