Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот. Идејата за нов закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата.

Без оглед на статусот што го имате во општеството, секој треба да се одговара според она што  го направил. Неслучајно го спомнав Кривичниот законик кој  не е само за ЈО и за судот. Има и други институции кои би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот. Улога треба да има и Антикорупциска комисија. Кривичното дело 359а, кое се однесува на  противправно стекнување и прибарување имот, предвидува казна затвор од најмалку 5 години затвор, рече Тупанчески во синоќешната дебата на 24 Анализа, во која  гостуваше и членот на ДКСК Владимир Георгиев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.