Министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?” на Алфа ТВ говорејќи за францускиот предлог за решавање на спорот рече дека Владата досега не го разгледала предлогот а сите шпекулации околу содржината треба да се прифатат со резерва. Во однос на гласањето недоверба на бугарската Влада Тупанчески рече:
„Факт е дека нашата држава се покажа кооперативна за постигнување на повисоки цели, меѓутоа факт е дека во неколку наврати изостана она што беше ветено, дали тоа ќе има поширока рефлексија, импликација во однос на досегашните условно речено случувања што беа меѓу нашата држава и европските партнери и т.н, ќе видиме како ќе биде. Ова е нов момент, да почекаме како ќе се развиваат работите, информацијата само што беше пласирана дека е изгласана недовреба во Бугарија, да не ги врзуваме директно двата сегменти, едниот сегмент беше Преспанскиот договор, и ова е вториот сегмент, сето тоа е во постигнување на повисоки цели.“
Во однос на францускиот предлог Тупанчески смета дека билатералните односи не би требало да станат дел од преговарачката рамка.
„Да не дозволиме да се направи грешка која во иднина не може да се корегира. Добро ќе биде какво и да е решението да го помине собранискиот филтер. Да не се влезе во некоја интрига, да не биде ова договор со ѓаволот.Треба се пријде со сериозна доза на внимателност” порача Тупанчески во вечерашното гостување во Алфа ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.