Aдвокатот Владимир Туфегџиќ, кој ја водеше истражната постапка за масакрот кај Смилковското Eзеро, во „Претрес со Ландов“ кажа дека се направила класична злоупотреба преку прислушуваните разговори од страна на носителите на проектот „Вистината за Македонија“ во кој беше и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

За семејствата на жртвите прислушваните разговори од „Вистината за Македонија“ донесоа патња и страдање, рече тој.

Туфегџиќ нагласи дека со тие разговори се направил нов злочин, овојпат врз семејствата на загинатите. Сега беа убиени семејствата, нагласи тој.

Тие разговори беа најавувани бомбастично, дека наводно во целиот случај се инволвирани државни функционери. Да, разговори од функционери имало, но тие разговори немаат апсолутно никаква поврзаност немаат со настанот. Тоа се разговори од тогашни функционери кои изразуваат загриженост и бараат одговори што точну се склучило, потенцираше Туфегџиќ.

Слушнете за овој случај од 1 час 57 минута:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.