По известување за пожар во Катланово, добиено во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112, пожарникари на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и Јавното претпријатеие „Национални шуми“ веднаш излегле на терен, по што огнената стихија е локализирана.

Регионалниот ЦУК Скопје координирале со првите известувања при што надлежните институции веднаш излегоа на терен и ситуацијата е ставена под контрола. Командантот на БППЗ на Град Скопје при контактите со ЦУК посочи дека нема потреба од дополнителни сили и дека сами се справуваат со пожарот. Попладне ЦУК, во Секторот за операции и координација, доби известување дека пожарот е локализиран, стои во соопштението од ЦУК.

Јавното претпријатеие „Национални шуми“ – подружница „Караџица“ информира и дека горела нискостеблеста шума и сува трева.

Нивна екипа и екипи на БППЗ, дополнитено ќе бидат на терен и ќе ја следат ситуацијата додека се доизгасне пожарот целосно, посочуваат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.