Централното собрание на Алијанса за Албанците денеска го разреши Арбен Таравари од функцијата претседател на партијата.

„За“ гласале 106 членови, еден од нив бил „против“ и еден отсутен. Таравари одлучи за парламентарните избори да се приклучи кон албанскиот опозициски блок додека Алијанса за Албанците е дел од владината коалиција.

„Неуспешни се напорите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат „чија е партијата“. Од денес повеќе не се занимаваме со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до Судот. Нашата кауза е промената што започнува!“, објави набрзо потоа Таравари, кој не присуствуваше на седницата на Собранието.

За седум дена од денес закажан е Конгрес на кој ќе се бира нов партиски лидер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.