Димитар Ковачевски е тотално одлепен од реалноста. Нека го информира некој од СДС Ковачевски дека Македонија се уште нема започнато преговори со Европската унија, а за тоа е виновен токму тој и владата на СДС и ДУИ кои изминатите 7 години водат попустлива и понижувачка меѓународната политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е единствена земја во светот која билатералниот спор со Бугарија стана услов за започнување на преговорите со ЕУ.

Македонија е единствената земја во светот која е условена да го промени уставот без да започне преговори со ЕУ, а сето тоа го направија токму Ковачевски, Османи и Маричиќ кои наместо да ги бранат националните и државни интереси, тие ги распродаваат.

Во однос на криминалот и корупцијата во државата, подобро е Ковачевски да не ја отвора устата, бидејќи пола од владините функционери му се наоѓаат на црната листа на САД, а американската амбасадорка Агилер вели дека во Македонија има епидемија од корупција, додека холандскиот амбасадор Коп вели дека земјата нема никаков напредок во борбата со корупцијата.

За тоа колку платите се “високи“ со што се фали Ковачевски најдобро говорат податоците кои покажуваат дека над 600.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата. Нема реално зголемување на платите на граѓаните, бидејќи инфлацијата им ја јаде куповната моќ.

Димитар Ковачевски никако не може да се помири со фактот дека тој не е премиер, па затоа го советуваме да посвети повеќе време за да прочита што се случува во Македонија, бидејќи очигледно е дека живее во некој паралелен свет.

Со СДС и ДУИ во Македонија никогаш не било полошо, додаваат од партијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.