Општина Велес целосно ги реконструира главните улици „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ во центарот на Велес.

Како што информира градоначалникот Марко Колев, градежните зафати на овие две улици завршија, а му претходеше гребење на стариот асфалт и негово вадење и поставување на нов асфалт.

Тој информира дека во изминатите денови се изврши и хоризонтално бележење со цел целосна безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Граѓаните, посебно оние во центарот на градот, се противат на предлогот на општината овие две главни улици од еднонасочни да се пренаменат во двонасочни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.