Oва не е 2018 година, власта тешко дека ќе најде пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои имаат „хипотека“ и за да ја спасат сопствената кожа повторно би гласале за промена на Уставот. Вака може да се објасни ова што деновие се случува на домашната политичка сцена.
Играта е провидна, но овој пат топката цврсто ја држи ВМРО-ДПМНЕ. Сегашната пратеничка група е лојална и цвста и националниот интерес го ставаат пред сопствениот.
ВМРО-ДПМНЕ на последните избори не вети дека ќе го менува Уставот и затоа овој пратенички состав нема мандат да се впушти во таква авантура.
Затоа се потребни избори на кои јасно пред граѓаните ќе објаснат на кој начи планираат да го решат овој наметнат проблем.
Креаторите на овој план со кој се сака да се погази волјата на народот се добро познати-тоа се претседателот Стево Пендаровски, ДУИ и СДСМ, потпомогнати од неколкумина во опозицијата кои имаат за задача да вршат раздор во ВМРО-ДПМНЕ.
Триото ДУИ-СДСМ-Пендаровски се заплеткани во сопствените лаги а случајно или не ги откри лидерот Али Ахмети во двете последни интервјуа.
Затоа, последните случувања немаат никаква врска со суети, ниту со правда и неправда, туку се сака да се протуркаат уставните измени без да се бираат средства и начин како ќе се изведе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.