Струмичани денеска излегоа во голем број на протестот организиран од Здружението „Родителски фронт“, со порака: Тргнете се од нашите деца.

Ова здружение вчера беше промовирано на Градскиот плоштад ,,Гоце Делчев” во Струмица. Нивните претставници преку информативен собир ги запознаа граѓаните со работата и целите, кое застанува против родовата идеологија и индоктринација на децата во образовниот процес.

На настанот насловен „За нашите деца“ се собираа потписи за петиција и се зачленуваа граѓани во Здружението, а според организаторите здружението се формира со една цел за заштита на децата од родовата идеологија и пропаганда во документите, наставните програми и актите во училиштата.

-Втората цел е промовирање и заштита на традиционалните семејни вредности. Вечерва организиравме промотивен настан со цел гласно и јасно да кажеме не на родовата идеологија и пропаганда во училиштата. Ние сме тука за да кажеме дека сме закрила на нашите деца и никој освен нас, родителите нема право да одлучува за тоа што ќе учат во училиштата, изјави Мариета Дукиќ од „Родителски фронт“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.