Трета недела без основни информации, ниту инициран стручен надзор со кој ќе се утврди медицинскиот третман на пациентката која почина во болницата во Прилеп, по рутинска интервенција и по пријавите со интерхоспитална инфекција, алармираат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако Јавното обвинителство отвори предмети за случаи во оваа ЈЗУ, меѓу кои и за починатата пациентка, ниту тоа не е доволно ДСЗИ и МЗ да иницираат стручен надзор по допрен глас. Нула одговорност и нула преземени мерки за овој случај кој резултира со смртен исход.
Колку редовни а колку вонредни надзори има ДСЗИ во Болницата во Прилеп и сите останати јавни здравствени установи?Кои се констатираните неправилности, што е преземено и дали има санкции?
Во меѓувреме 1.400 вработени во Здравствен дом Скопје се без осигурување, иако беа херои во ковид пандемијата.
Нема основен лек ниту за трансплантираните пациенти, ама има плакати за нив.
Нема исплата на боледувања и породилно за сите осигуреници по здравствениот крах на ФЗОМ согласно медиумските објави.
Затоа што нема одговорност ниту отчет од нитуедно одговорно лице, неопходно е преземање колективна одговорност, порачаа од Комисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.