Пуштањето во употреба на зелениот пазар, фотоволтаичната централа тука во Кавадарци ова е трета голема инвестиција за многу краток период што е значајна инвестиција, голема инвестиција од 23 милиони денари и која што инвестиција директно ќе помогне на сите граѓани на општина Кавадарци, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски денеска од Кавадарци додавајќи дека оваа инветиција е резултат на напорната работа на градоначалникот на општина Кавадарци, на Јавното-комунално претпријатие, а е голема придобивка на сите граѓани на Кавадарци.

Покрај оваа голема економска, финансиска криза општина Кавадарци е најпозитивниот пример каде што покажа како треба да се работи. Овој пример го следат останатите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија, но овој пример за жал не го следи централната власт која што и покрај тоа што располага со многу големи ресурси не ги употребува во правилна насока и работи директно на штета на граѓаните. Затоа ние повторуваме, во многу наврати дека е потребно смена на власта и потребно е да дојдат вистински луѓе на вистински места за да може позитивниот пример од Кавадарци да се преслика на територија на државата и на централната власт, рече Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.