Ниту како човек, ниту како министерка нема да го доведам системот за пензиско и инвалидско осигурување во состојба во која не може да ги исплати пензиите на ниту еден пензионер. Во 2019 дефицитот на фондот беше 47 отсто, секоја година како Влада го намалуваме за моментално дефицитот да е една третина. Тоа се достигнува само со добри политики, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во гостување во дневниот на Телевизија 24, Тренчевска истакна дека едно од првите системски решенија што сегашната влада го има направено е методологијата за растот на пензиите.

Во март 2022 година пензиите беа 9.000 денари а сега најниската пензија е 12.500 денари додека во септември најниската ќе изнесува 13.200 денари – додава министерката.

Таа ги истакна и преземените мерки во текот на економската и енергетската криза и посочи дека тогаш на пензионерите од најранливата категорија им беа доделени финансиски средства од 3.000 или 6.000 денари согласно поставените критериуми.

Министерката заклучи дека оваа Влада работи транспарентно и дека на следната седница на Влада ќе биде формирана работна група која ќе работи на нови сет мерки кои ќе ги помогнат ранливите категории на пензионери со средства кои ќе паднат директно на централниот буџет и на системот на социјална заштита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.