Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе се кандидидираат за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за 2025/26 година.Вучиќ дека смета дека земјата ќе има бенефит од тоа бидејќи ќе може да даваат предлози за сите важни прашања.

„Кога ќе ја изгласаат за резолуцијата за Сребреница и ако ја изгласаат затоа што ќе се бориме до последен момент, истиот ден ќе се кандидираме за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за 2025 и 2026 година-најави српскиот претседател.

Во Советот за безбедност на ОН покрај петте постојани членки, Велика Британија, Кина,Русија, САД и Франција има и 10 непостојани членки со мандат од две години. Почнувајќи од 2025 година редот е на источноевропските членки и тука е шансата на државите од регионот. Црна Гора и Литванија веќе аплицираа.

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова за „Република“ даде предлог и Македонија да се кандидира за непостојан членка на Советот за безбедност на  ОН.

Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени.И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме, да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме  и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат  во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит-објасни Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.